Facebook е една од најголемите социјални мрежи, а со неа доаѓаат и низа правила. Во текот на годините, компанијата мораше сериозно да ја уреди својата политика кога се однесува на говорот на омраза, лажните вести и други појави, пишува Sun.

Непочитувањето на правилата може да доведе до привремена суспензија или уште полошо, до трајна забрана на користење на оваа популарна мрежа.

Во неволја може да западнат сите оние кои не го користат своето вистинско име.

„Името на вашиот профил би требало да биде име со кое ви се обраќаат пријателите во секојдневниот живот. Тоа име исто така треба да стои на личната карта или на документите од нашата листа на лични исправи“, стои во правилата на Facebook.

Тоа значи дека симболите, броевите, невообичаените мали и големи букви, знаци кои се повторуваат или интерпункција не се дозволени.

Ако подолго време не се вклучувате на профилот, Facebook може целосно да го избрише. Не е јасно колку време имате, но правилата велат дека може да го „елиминирате профилот со продолжено мирување“.

Facebook ќе бара „дополнителни информации за профилот на корисникот пред преземање дејства во распон од неговото привремено ограничување до трајно оневозможување“, така што пред тоа можеби ќе добиете мејл со предупредување.

Facebook не сака голотии, ниту сексуално сугестивни објави на платформата. Но, нивните правила мора да се доработуваат со текот на годините за да се разликува сексуална од несексуална конотација.