Злата Аранѓеловиќ, ќерката на Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ- Кемиш, пред три години ја роди ќерката Милица, која ја доби со пејачот Милош Вујановиќ и оттогаш целосно му се посвети на семејството.

Се занимава со професионално шминкање и не се појавува често во јавноста. Злата сакаше да експериментира со косата, па можевме да ја сретнеме како бринета, русокоса или огнена црвенокоса.

Фотографијата која сега ја објави нагласува нешто друго. Акцент е ставен на нејзиното извајано тело.

Таа позираше во базенот свртена со грбот, покажувајќи го тесниот струк и извајаниот задник.

– Премногу е жешко – е еден од хаштаговите кои ги ставила во описот на фотографијата.