На Даниела Борачева, водителката на емисијата „Десетка“ на Hype TV ѝ преседна одморот. Со ќерката отпатувала во Турција, каде се разболела, а поради неадекватна услуга ѝ доживеала и голем стрес.
– Дојдов со ќерка ми на долгоочекуваниот одмор во еден од, според белградските агенџии, најлуксузните хотели во овој дел на Турција. Првата ноќ наместо во Superior room со поглед на море за која што плативме, нѐ сместија во Promo room каде климата не работеше поради, како што рекоа, поради грешки во системот. Катастрофалната услуга и непријателскиот персонал го расипаа впечатокот уште првиот ден. Ако не знаете турски или руски, не можете да нарачате ни чаша вода. За среќа, го знам и турскиот јазик и после низа сериозни скандали добив де лукс соба и павилјон на приватен дел од плажата, вели водителката.
Но, непријатностите не завршиле тука, веќе следниот ден се разболела, по што сфатила дека во хотелот нема ниту аптека, ниту лекар.
– Сѐ на сѐ, се надевам дека ќе преживееме до крајот на одморот. Но, секако Турција никогаш повеќе – вели таа.
Be the first to write a comment.