Едвај го дочекавте летото и летниот одмор на кој ќе се релаксирате и ќе заборавите на секојдневните обврски и тековни проблеми.

Иако сите препорачуваат да не одите на патување без патничко здравствено осигурување, не е на одмет да ја комплетирате патничката аптека, која е од огромна помош во вакви ситуации.

Иако во поголемите туристички центри има аптеки, факторот на изненадување дека во моментот го нема лекот кој ви е потребен може да се случи, па следните совети ќе ви бидат од корист:

– здравствена книшка и потврда за дополнително здравствено осигурување, како и потврда за вакцинирање.

– вашата редовна хронична терапија во количина доволна за целото време на отсуството од дома, дополнителни рецепти или лекарска препорака со читко напишано генеричко име на лекот и на дозата, како и кратка историја на болеста.

– дополнителни лекови што ќе ви ги препорача лекар, во зависност од тоа каде патувате и што би можело да ви затреба.

– кутија за прва помош, влажни марамчиња за дезинфекција, топломер.

– ако сте бремени, би требало да понесете апарат за мерење на крвниот притисок.

– капки за очи (воспалени или алергија), средства против болки во ушите.

– универзален антисептик за кожа, рани и за слузокожата, кој влијае на широк спектар микроорганизми (бактерии, габички и вируси), а кој може да го користат и трудниците и децата.

– доволно резервни пелени ако патувате со мали деца.

– лаксатив на растителна база. Чај против запек кој може да настапи заради промените на животниот ритам, околината и исхраната.

– таблети против мачнина за време на патувањето.