Во моментот кога умре кралицата Елизабета Втора, тронот веднаш и без церемонија премина на наследникот Чарлс, поранешниот принц од Велс.

Иако многумина шпекулираа дека нов крал би можел да стане и нејзин внук, принцот Вилијам, Бакингемската палата во соопштението за смртта на кралицата напиша дека „кралот и сопругата на кралот вечерва ќе останат во замокот и утре ќе отпатуваат за Лондон“, мислејќи на принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.

Принцот Вилијам е наследник на тронот, но тој нема автоматски да стане принцот од Велс.

Сепак, тој веднаш ја наследува другата титула на неговиот татко, војводата од Корнвол. Неговата сопруга Кејт Мидлтон ќе биде позната како војвотката од Корнвол.