Седум лица, меѓу кои пет деца, загинаа вчера во верижен судар во близина на Хемпшир, на околу 90 километри северозападно од Чикаго.
Се судриле комбе и автомобил. Автомобилот возел во спротивен правец, соопшти полицијата.
Една жена и пет деца загинале во комбето, додека друга жена загина во автомобилот. По судирот и двете возила се запалиле. Меѓу жртвите имало две 13-годишни девојчиња, едно 7-годишно момче, едно 6-годишно момче и едно 5-годишно девојче.
Возачот на комбето е идентификуван како 32-годишниот Томас Добош, додека автомобилот го управувала 22-годишната Џенифер Фернандез. По таа несреќа се случила уште една несреќа во која учествувале два камиона.
Be the first to write a comment.