Советник на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашенко објави видео за кое вели дека го покажува соборувањето на рускиот хеликоптер Ка-52 некаде во регионот Харков.
„Уникатна снимка од дрон. Нашите херои од 92-та бригада прекрасно соборија руски хеликоптер КА-52 (вреден 14 милиони долари) со „стингер“ во регионот на Харков“, напиша тој.
„Слава на нашите бранители“, додаде тој на крајот. Снимката не е независно потврдена. Герашенко не го ни прецизира времето кога е направено видеото од наводното рушење на хеликоптерот.
Unique footage from a drone
Our Heroes from the 92nd brigade have beautifully taken down a Russian Ka-52 helicopter (worth $14 million) from a Stinger in Kharkiv region.
Glory to our Defenders! pic.twitter.com/BAr2BLoZlz
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 24, 2022
Be the first to write a comment.