Во хотел во Сараево утрово дошло до конфликт меѓу претседателот на Народот и правдата на Унско-санскиот кантон (УСК) и претставникот во Парламентот на ФБиХ, Халил Бајрамовиќ, со советникот на премиерот на УСК, Сулејман Самарџиќ, кој е член на Народниот европски сојуз (НЕС).

Халил Бајрамовиќ денеска за порталот „Аваз“ демантираше дека имало конфликт и рече дека дезинформацијата ја рашириле „ботови на НЕС“ и премиерот на УСК Мустафа Ружниќ.

Сепак, врз основа на видеото кое вечерва го објавија босанските медиуми, очигледно е дека Бајрамовиќ лаже, а информацијата дека го нападнал Самарџиќ сепак е точна.

Имено, на снимката прво може да се забележи токму Бајрамовиќ, а потоа и Самарџиќ, па откако двајцата ќе влезат во лифтот, Бајрамовиќ му удира неколку шлаканици.