„Таа цел живот тренира тенис, професионално се занимаваше со тоа. Беше на разни натпревари, во нејзината соба има безброј пехари и медали. Замина на друг курс по економија, доби дури и стипендија преку тенис“, раскажува за српски „Блиц“, познаничка на Јелена М., која вчера беше уапсена откако во автомобилот „Смарт“ што го возела биле откриени 8,5 килограми марихуана.
Новинарите на „Блиц“ денеска го посетиле родното место на уапсената тинејџерката, каде соседите се во шок откако дознале дека таа превезува дрога. Многумина од нив не можат да поверуваат дека марихуаната е нејзина, бидејќи како што велат потекнува од нормално семејство, пренесуваат српските медиуми.
– Некое време размислуваше да замине во странство да студира. Имала повреда на раката, па престанала професионално да се занимава со тенис и почнала да тренира деца. Се шокирав кога слушнав, не ми се верува дека е нејзина. Мајка и е учителка, а татко и камионџија – вели соседот.
Таа додава дека тие се нормално семејство и дека никој никогаш немал проблем со нив.
– Таа има 17-годишна сестра. Имаше долга врска, цело време одеше кај дечкото, но тука живее со родителите – додава соговорникот на српски Блиц.
Be the first to write a comment.