Дваесет и четиригодишна девојка била пронајдена мртва во својот стан во Јужна Митровица, јавуваат косовските медиуми.

Семејството на несреќната девојка ја известило полицијата околу 17 часот и 30 минути, пишува Коссев.

Полицијата ја затвори истрагата и телото го испрати на обдукција, потврди Авни Захити, портпарол на полицијата во јужниот дел на градот.