Бугарскиот пратеник од „Продолжуваме со промените“ и поранешен министер за иновации, Даниел Лорер во телевизиско интервју оцени дека случајот со претепувањето на Пендиков, се политизира и се игнорираат неколку важни факти.

Според него, македонските власти реагираа многу брзо и Бугарија сега треба да остави доволно време за инситуциите да утврдат дали станува збор за злосторство од омраза или не.

„Господинот кој беше нападнат во Македонија не е бугарски државјанин. Бугарија треба да ги заштитува, пред се, своите граѓани. Тој е македонски граѓанин. Тој е македонски граѓанин кој сега се дефинира себеси како личност со бугарска самосвест. Еден од тие кои го нападнаа поради тоа е бугарски граѓанин. Се поставува прашањето зошто да не зборуваме за него? Бидејќи тој има бугарско државјанство, што правиме за неговата контрола?“, вели Лорер.