Од среда, 1 февруари, може слободно да почне одбројувањето на крајот на оваа ужасна влада на СДСМ, пишува новинарката Јорданка Ивановска – Јоци на својот Фејсбук профил.

– И да не одат на избори годинава, во декември им доаѓа крајот, мора да има техничка влада (читај: во септември веќе ќе се во нокдаун), па во април, на Претседателски 2024 ќе одат голи и боси и – ќе издишат. Потоа во јули, на Парламентарни, ако не се распаднати, оној што им вари кафе на Бихаќка ќе состави само листи и ќе се сокријат во дупки, пишува Ивановска.

– Толку е оваа влада помија, да вмровци на следни избори ќе освојат најмалку 58 пратеника. За претседател на држава повторно, може само да сонуваат. Без резерва ова го предвидувам. СДСМ се толку распадната, уништена, мизерна и поделена партија, а до избори само ќе го поткопува до срж македонското национално ткиво, пишува Јоци.

СДСМ на власт, предвидува новинарката, веројатно нема да дојде во наредни 30 години „по ова нивно клиентелистичко и ужасно владеење со сите албански партии, со кои се одржува на власт по секоја цена, закачена со нокти на нивните грбови“.