Учесниците на реалното шоу „Задруга“ Кристијан Голубовиќ и Емил Каменов денеска жестоко го нападнаа Урош Чертиќ, поради што беа дисквалификувани.

По најавата дека мора да го напуштат имотот, полицијата дошла пред Шимановац и ги привела за овој инцидент. Голубовиќ и Каменов утринава го удираа Чертиќ, а сопственикот на ТВ ПИНК Жељко Митровиќ најави дисквалификација.

Сега се појави и видеото од апсењето на Голубовиќ и Каменов.

А тепачката во реалното шоу можете да ја погледнете подоле: