Членовите на британското кралско семејство ретко се гледаат во костими за капење.

Во нивниот случај, тоа значи еднаш на неколку години. Причината се нивните позиции и должности, но и тоа што одморите им се одвиваат далеку од очите на јавноста. Меѓутоа, сегашниот крал Чарлс Трети и сопругата, кралицата Камила Паркер Боулс паднаа во папарацо стапица додека уживаа на егзотичниот Барбадос.

Чарлс и Камила уживаа во шармот на Барбадос далеку од Британија и должностите. Телохранителите внимателно ги следеа зад нив, а тие веројатно и покрај тоа успеаја да се опуштат (бидејќи се навикнати на тоа).

Принцот од Велс, како што тогаш беше титулата на актуелниот крал на Обединетото Кралство, и неговата партнерка го посетиле овој егзотичен остров во 2019 година. Нивните фотографии од одмор очекувано привлекоа големо внимание. А да не беа телохранителите и фактот дека не секој може да си дозволи одмор на Барбадос, тие двајца ќе изгледаа како секој друг пар.

Не беа баш координирани кога станува збор за костимите за капење, но секој го носеше она што го сака.

Фотографиите на Чарлс и Камила во костими за капење, имајќи предвид колку ретко може да се видат членови на кралскот семејство во вакви изданија, се исклучително ретки глетки.

Пред неколку години, фотографиите на Кејт Мидлтон од плажа направија огромен бум. Додуша, уште позабележителни беа нејзините топлес фотографии кои предизвикаа вистински скандал. „За чудо“, речиси никогаш не се зборува за тоа.