Земјотрес со јачина од 6.9 степени по Рихтер го погоди Еквадор. Според последните информации четири лица ги загубија животите, а најмалку шестмина меѓу кои и дете се повредени. На социјалните мрежи се повеќе се појавуваат снимки од моментот на земјотресот.

На една од нив се гледа реакцијата на водителите во една телевизиска емисија. На почеток тие се обидуваат да останат мирни, но набрзо едниот бега, вториот најавува пауза за рекалми додека третиот повторува „О мој боже“.

На едно видео од трговски центар се слушаат застрашувачки крици од луѓе кои панично трчаат надвор. Од некои згради паднаа големи делови од ѕидовите, а по улиците се крена прашина.

Епицентарот на земјотресот бил во Гвајас, а земјотресот силно се почувствувал и во соседна Колумбија. Катастрофален земјотрес го погоди Еквадор во 2016 година, со јачина од 7,8 степени. Тогаш загинаа речиси 700 луѓе, а повеќе од 16.600 беа повредени.