27-годишна жена настрада од рацете на нејзиниот поранешен партнер во Бразил, покажува безбедносна камера која го снимила моментот на убиството.

На видеото, 47-годишниот Висенте Ногуеира првично се гледа како мирно разговара со 27-годишната Микеле до Насименто додека таа ги товари торбите во нејзиниот автомобил.

Се чини дека 47 годишникот, всушност, и помага на 27 годишната жена без никакво навестување за тоа што ќе следи во следните неколку секунди, кога адвокатот се приближува до автомобилот во кој влегла Микеле и ја застрелал двапати во главата.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, 47-годишникот потоа го вперил пиштолот кон себе и се застрелал. Полицајците кои го водат случајот што се случи во четвртокот засега не стигнале до мотивот на 47-годишниот маж, откривајќи го само тоа дека ја чекал во гаражата каде се случило убиството.