Караница за момче наводно ги навела двете ученички на шокантно злосторство во Германија, избодувајќи ја со нож нивната 12-годишна соученичка Луиз. Двете ученички, на возраст од 12 и 13, наводно објавиле видео на TikTok како танцуваат, неколку часа откако 12-годишното девојче било убиено и избодено повеќе од 30 пати. Под видеото коментираат соучениците кои имплицираат дека во случајот е вмешано момче.

„Како можевте да го направите тоа?“ и „Не ми се верува“ се дел од коментарите на нивните соученици под видеото упатени кон двете малолетни сторители на делото додека. Некои коментари беа упатени и до младата жртва: „Кога столчето во училницата ти остана празно, утрово сите знаевме што се случи“.

Според германскиот весник „Билд“, двете девојчиња ја убиле „од одмазда“, откако жртвата му открила на возрасен човек дека била малтретирана со месеци. Телото на Луиз беше пронајдено во локва крв во неделата во шумска област во близина на градот Фројденберг во западната покраина Северна Рајна-Вестфалија, откако беше избодена повеќе од 30 пати.

Шокантните видеа на социјалните мрежи беа откриени за време на истрагата на германскиот новинар на WELT, кој откри дека едно од видеата со танцување било објавено неколку часа по злосторството. Всушност, двете девојчиња, наводно, објавиле и видео во саботата (ден пред да биде пронајдена мртва) преку кое побарале помош за да ја најдат Луиз бидејќи таа била „исчезната од 17 часот“, иако како што се испостави подоцна, тие знаеле точно што се случило.

Се вели дека многу од соучениците на девојчињата постојано нагласувале дека едно момче е одговорно за големата кавга меѓу „најдобрите другарки“. Луиз исчезна попладнето во саботата, на 11 март, откако спиела ноќта од петокот кон сабота со нејзината 13-годишна пријателка во нејзиниот дом во областа Хоенхаин во градот, на две милји од домот на Луиз.

Иако се познавале со години, заедно се возеле во училишниот автобус, па дури и биле во исто одделение на училиште, не е јасно зошто Луиз се дружела двете девојчиња кога има извештаи дека била малтретирана од нив.