Општ хаос настанал вечерва на семафор во Вождовац, кога двајца мажи се степале.

Како што може да се види на видеото објавено на српските медиуми, двајца мажи удираат со тупаници и се тркалаат на пешачки премин, додека една жена се обидува да ги раздвои.

– Ве молам, помогнете ми – се слуша како преплашена жена повикува на помош од минувачите.

Додека траела тепачката, како што покажува видеото, се гледа дека на семафор биле паркирани два автомобила и на едниот вратата му била отворена, па се претпоставува дека до конфликт дошло додека се возело, а кулминирал на „зебрата“.

Во еден момент се доближиле пешаци кои успеале да ги раздвојат. Причината за конфликтот официјално не е позната.