Германските медиуми објавија дека локалната полиција ја уапсила Мирнеса Бешлиќ која украла еден милион евра.

Мирнеса е уапсена на аеродромот во Штутгарт. Иако изгледа многу поразлично од фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, полицијата ја идентификувала и ја уапсилa.

Ја променила бојата на косата, па била фатена како бринета на аеродромот во Штутгарт. Според Билд, германската полиција успеала да ја лоцира жената по која трагаше половина Европа во изминатите неколку недели.

Сепак, според германските медиуми, таа преку својот адвокат рекла дека ќе се предаде во 19:45 часот на аеродромот во Штутгарт.

Во тек е истрага за тоа каде се парите. Да потсетиме, германската полиција од октомври трага по Мирнеса, кој украла еден милион евра од транспортна компанија.

Полицијата ги соопшти деталите за нејзиниот грабеж, па дури понуди и награда од 37.500 евра за информација за неа.