По повеќе од четири месеци потрага, германската полиција ја уапси Мирнеса С., која е осомничена дека од фирмата во која работела украла еден милион евра. Уапсена е во градот во кој го извршила грабежот – Штутгарт, а германските медиуми јавуваат дека Мирнеса преку својот адвокат и соопштила на полицијата дека ќе се предаде.

Според pressportal.de, Мирнеса преку својот адвокат најавила дека ќе и се предаде на полицијата. Се наведува и дека локалната полиција ја лоцирала нејзината локација во текот на изминатите недели, па фаталната русокоса била свесна дека полицијата го „стега кругот“ околу неа.

Сепак, не е јасно дали се работи за точна информација, бидејќи таа е уапсена на аеродромот, па некои медиуми претпоставуваат дека сакала да ја напушти Германија, а не да се предаде.

Исто така, многумина беа шокирани од изгледот на Мирнеса за време на нејзиното апсење – таа ни најмалку не личи на фаталната русокоса од фотографиите кои ги преплавија медиумите последните недели.

Сега има кратка кафена коса и носи очила.

Филмски грабеж

Мирнеса, чие моминско презиме е Бешлиќ, на 14 октомври украла еден милион евра во кеш од германска транспортна компанија. Грабежот бил веднаш забележан, а полицијата распишала потерница по Мирнеса, кој стана позната по прекарот келнерката Мики.

На почетокот не се знаеше многу за неа освен информациите кои полицијата ги објави во јавноста. Станува збор за висока русокоса, чие тело е покриено со тетоважи.

Таа водела луксузен живот, што може да се види од фотографиите кои ги сподели на социјалните мрежи. Токму тие фотографии им помогнаа на инспекторите да откријат повеќе информации за неа.

Така германските медиуми открија дека таа го планирала грабежот во стан кој се наоѓа на само 250 метри од полициската станица, кој сега е заклучен.

Во меѓувреме, колеги од Босна и Херцеговина ја посетија нејзината родна Бусовача, каде што ја нашле нејзината родна куќа. Таа наводно има брат близнак и уште една сестра, а нејзиниот татко починал минатата година.

Така во центарот на вниманието се најде нејзиниот наводен пријател Мустафа Мујо Османовиќ, кој споделуваше фотографии со неа на неговиот профил на TikTok. Во еден момент одговараше на прашања за неа, и откри дека не верувал дека имала соучесник.