Мирко Палчиќ (32) од Нов Белград почина вчера откако помина шест години во кома поради тешка повреда на главата.

Младиот човек имаше страшна несреќа на Денот на вљубените во 2017 година и оттогаш беше во кома.

– Почивај во мир Мирконе мој! Благодарност до сите кои помогнаа и учествуваа во закрепнувањето на Мирко. Мирко не напушти на 24 јануари по речиси шест години долга и напорна борба! Почивај во мир. Никогаш нема да те заборавиме – напиша поранешната девојка на Мирко, Ана, која беше со него кобниот ден на Копаоник.

Мирко е во кома од 14 февруари 2017 година, кога на скијање на Копаоник падна и се здоби со тешки повреди на мозокот.

Веднаш со хеликоптер бил префрлен во Ургентниот центар во Белград, но лекарите не му дале многу шанси да преживее, два пати го оживеале, но Мирко не се откажал и го издржал она што не би го издржале 10 проценти од луѓето со вакви повреди.