Досега бевме сведоци на арогантни и несовесни возачи како бегаат од местото на несреќа или инцидент. Но, врв на непромисленоста е случајот што се случи на Косово.

Наводно, се работи за Милан В. од Лепосавиќ, кој намерно со својот автомобил удира во случаен минувач и сето тоа го снима.

Како што пренесуваат медиумите, тој вози и удира луѓе кои не го попречуваат сообраќајот, а на последното видео во кое го снимил своето арогантно однесување, можете да го видите како вози, додека неговиот сограѓанин мирно оди по тротоарот покрај патот.

Објавена е и регистарската табличка на неговиот автомобил, а е упатен апел до родителите доколку го видат тој автомобил веднаш да ги тргнат децата.