Денеска околу 18:00 часот пред Клиниката за гинекологија во Приштина се случило страшно убиство. Како што јавуваат косовските медиуми, сомнежите се дека поранешниот сопруг ја убил бремената сопруга.

Нејзиното убиство се случило токму во дворот на оваа клиника каде имало и случајни минувачи.

– Тој го извади пиштолот од џебот и двапати ја застрела, вели очевидец.

Изворите на весникот „Инсајдери“ посочија дека 35-годишната жена Хамиде Магаши била во деветти месец од бременоста. На медицинските сестри им кажала дека излегува до киосците во дворот да купи храна.

Откако направила пазарење, седнала малку да се одмори на седиштата во дворот на Гинекологија. Таму се појавил нејзиниот поранешен сопруг, кој ја застрелал.

Тој го извади пиштолот од џебот и двапати ја застрела

Веста за весникот „Инсајдери“ ја потврдија од косовската полиција. Во нивниот одговор не се знае дали убиецот е уапсен.

– Околу 18:00 часот добивме информација за мртво тело во дворот на Клиниката за гинекологија во Приштина. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот како и лекарската екипа која констатирала смрт кај жртвата, жена на возраст од околу 35 години. Според првите информации, покренатите сомнежи упатуваат на тоа дека се работи за убиство. Во моментов полицијата во координација со државен обвинител започна истрага и продолжува со преземање на сите истражни и увидни дејствија, со цел целосно расчистување на настанот, се вели во соопштението на косовската полиција.

„Инсајдери“ од сигурни извори дознава дека човекот кој ја убил поранешната сопруга е Сокол Халили од општина Штима. Тие се венчале оваа година, но неодамна се разделиле и имале ненадминливи проблеми еден со друг.

Сестрата на жртвата пред камера изјави дека насилникот шест месеци ја држел жртвата затворена. Парот го очекувале своето прво дете.