Сокол Халили, кој е осомничен за убиството на својата бремена сопруга Хамиде Магаши пред гинеколошката клиника во Приштина, наводно побарал од неа да се смират пред да пука, јавуваат албанските медиуми.

Хамиде Магаши (35) е убиена во дворот на клиниката за гинекологија во Приштина.

Нејзиниот сопруг Сокол Халили (31) е осомничен за грозоморното убиство на жената која била во деветтиот месец од бременоста, кога синоќа околу 18 часот испукал три куршуми кон неа кога излегла од гинеколошката амбуланта.

Роднина која отишла да ја испрати несреќната трудница да купи леб откри дека Халили го сретнале во дворот на гинеколошката амбуланта.

– Ми кажа дека тоа е нејзиниот поранешен сопруг. Потоа се сврте и отиде на другата страна. Ја праша Хамиде зошто го остава. Потоа падна на колена – раскажала роднината за тоа што што му претходело на грозоморното убиство.

Полицијата се уште трага по Сокол Халили (31), кој е осомничен дека ја убил сопругата, која била во деветтиот месец од бременоста, пред гинеколошката клиника во Приштина.

Убиецот Сокол Халили (31) и убиената Хамиде Магаши (35)

Во текот на попладневните часови бил пронајден автомобилот во кој Халили, наводно, избегал откако синоќа околу 18 часот испукал три куршуми во сопругата. Автомобилот бил пронајден во Штимље.

Сокол и Хамиде биле во брак само четири месеци, по што се разделиле поради семејно насилство. Триесет и петгодишната Хамиде живеела во куќата на нејзините родители во Лупљање. Таа вчера отишла во клиниката во Приштина на преглед пред породувањето, што се очекувало следната недела.

Халили добил забрана за приближување бидејќи на 10 август во куќата на нејзините родители и се заканувал на сопругата. Се покажа дека осомничениот е осуден и казнет од судот во Урошевац за носење оружје без дозвола.

Сестрата на жртвата наведува дека убиената трпела семејно насилство.

-Секогаш кога и се јавувавме велеше дека не може да зборува – рекла сестрата на Хамиде Магаши и додала дека несреќната трудница била придружувана од нејзината свекрва дури и кога сакала да оди кај сестрите.