Директорот на техничкото училиште во Трстеник, Милан Глиџиќ, по инцидентот што се случи во ова училиште на 9 ноември донесе одлука да ги избрка од училиштето двајцата ученици М.М.(18) и Н.Ж (17).

Со оваа одлука беше усвоен предлогот на Наставничкиот совет од 23 ноември.

-Поради насилството што се случи во Техничкото училиште во Трстеник, каде беше извршено физичко, психичко и дигитално насилство врз колешка, двајца ученици се исфрлени од училиштето, наведува во писмото директорот Милан Глиџиќ. До родителите на учениците вчера беа испратени решенија за исклучување.

Професорката Марија Стевановиќ била жртва на насилство во училницата, кога најпрвин Н.Ж ѝја го поттргнал столчето, додека М.М. и И.К., снимале со мобилни телефони, а потоа таа снимка ја дистрибуирале на социјалните мрежи.

Истата вечер професорката се пожалила на лекарите и раскажала што се случило. Дежурните лекари први ја алармирале полицијата.

-Кога видоа што се случи, сите беа на став дека случајот мора да се пријави, повикаа полиција и дојдоа за пет минути – сведочеше професорката за „Новости“.

Лекарите вчера ѝ го продолжија боледувањето на професорката.