Лице облечено во бела мантија веќе неколку ноќи по ред им излегувало на кавадарчани на влезот од патеката кај 12-те деца, и ги плашело.

Откако во неколку наврати граѓаните сведочеле на сцената со човекот во мантија, кој игра, се врти, а и фрлал со камења, вчера успеале и да го снимат.

Видеото со него е објавено на социјалните мрежи посветени на градот, и граѓаните прашуваат за што станува збор, дали се во прашање некои пагански обичаи, или пак некој само сака да ги заплаши оние кои пешачат на патеката.

Сепак, и покрај вознемиреноста, никој се уште не го пријавил лицето во полиција.

Од СВР Велес за ,,Фокус” велат дека официјално не добиле пријава за лице кое ноќе игра и фрла со камења по минувачите, па охрабруваат доколку има таков случај, истиот да го пријават.