Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска на својот Фејсбук профил истакна дека починал Игор Стефановски – Фифи.

Се работи за поранешен припадник на Единицата за специјални задачи Тигар.

– Денес почина Игор Стефановски – Фифи (1969-2023), поранешен припадник на Единицата за специјални задачи Тигар, еден од најдобрите снајперисти на Единицата во тој период, храбар бранител од 2001-та и мој драг соборец, напиша Ангелов.

Тој додаде дека погребот ќе се одржи утре (вторник), од 12.00 часот. Последен поздрав од 11.00 до 12.00 во капелата на гробиштата во Волково.

Бог да го прости. Нека му е вечна славата, напиша Ангелов.