При вечерната прошетка во центарот на Штип на Пешачкиот мост близу паркот Суитлак, околу 21 часот, паднал, веројатно откако доживеал срцев удар Ване Богдов, познат бизнисмен, долгогодишен сопственик на конфекцијата ВаБо.
Речиси во истиот момент на местото се нашол студент по медицина од Турција, кој го реанимирал и успеал да му го поврати пулсот. Богдов брзо бил пренесен во болницата со возило на Итната помош, меѓутоа, не успеал да преживее.
Ване Богдов имаше 63 години. Нашироко во државата беше познат по тоа што ја предаде својата компанија на управување на работниците, кои успешно продолжија со бизнисот.
Познат хуманост, стопанственик, добитник на признанието Свети Никола, Богдов на градот му ја остави и уникатната црква „Свети Константин и Елена“.
Be the first to write a comment.