Човек кој го обезбедува велосипедскиот лифт на Бранковиот мост во Белград синоќа околу 22 часот и 30 минути пријавил во полиција дека видел девојка како се дави во Сава.

Речната полиција од синоќа веднаш започнала потрага по телото на девојката. Станува збот за белорусинката А.Д.(34) која синоќа околу 22.25 часот упаднала во Сава кај Бранковиот мост. Околу 22 часот и 25 минути, човекот кој го обезбедува лифтот на Бранково Мост пријавил дека непознато девојче се дави во реката.

Патролата на речната полиција веднаш испловила, но не го нашла девојчето. Во тек е пребарување на крајбрежјето и на реката Сава. На Бранковиот мост се пронајдени лични документи меѓу кои и пасошот на белоруската државјанка ин А.Д.(34).

Покрај потрагата на Дунав по тројцата мажи кои паднале во реката кога се превртел чамецот со кој оделе кон Дунав, речната полиција трага и на Сава како и на бреговите на двете реки.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено, а човекот кој го обезбедува лифтот вели дека не го видел моментот кога скокнала во реката, па не се знае дали можеби случајно паднала таму и струјата ја повлекла кон средината.