Многу обилни врнежи и невреме ќе ги погодат Македонија и Грција во вечерните и ноќните часови, по што можни се поплави и порои, најавуваат метеоролозите.

Посебно ќе бидат погодени централна и северна Грција, како и неколку острови на запад и исток од земјата. Грчката национална метеоролошка служба предупреди дека се можни многу чести громови и град и дека лошото време ќе трае до сабота навечер.

Грчката цивилна заштита е во состојба на готовност, а на градовите им се препорачува да преземат мерки на претпазливост во областите каде што се предвидуваат обилни врнежи, пишува “Keep talking Greece”.

– Најкритична состојба се очекува во ноќта меѓу петок и сабота и во сабота наутро, особено на југот и југоисточниот дел на Северна Македонија и на север и исток од Грција, во областа на Егејското Море меѓу Солун и Атина и на Халкидики. Ќе има опасност од поплави и порои, објави на својот Фејсбук профил српскиот метеоролог Ѓорѓе Ѓуриќ.