Со почетокот на летната сезона почнаа и приказните за цените на одморите на различни туристички дестинации, а кај нас, но и во целиот регион, Грција се споменува како најсакана дестинација.
На Фејсбук страницата „Greek Gateway“ се појави ценовник на храна и пијалоци од Миконос, Грција, кој со оглед на бројките привлече огромен интерес.
Во ценовникот пишува дека кафе чини 15 евра, грчки специјалитет сувлаки 25 евра, порција лигњи 150 евра, а шпагети со јастог 600 евра.
„Вистинска приказна. Цените на Миконос се луди. Зошто да платите толку кога има уште 227 грчки острови“, напиша тој во описот на објавата каде што е објавен ценовникот.
По оваа објава следуваа лавина од коментари.
„Пред околу 16 дена бевме на Крф, мислам дека не потрошивме повеќе од 50 евра, вклучувајќи вино и вода“, „Затоа јас, за 44 години посета на грчките острови, го заобиколувам Миконос“, „Очигледно е дека е само за богатите луѓе. Тоа е класна дискриминација. Заборавете на Миконос, има многу други прекрасни грчки острови“.
Be the first to write a comment.