На аголот од улиците „Младинска Бригада“ и булеварот „Зоран Ѓинѓиќ“ во Нов Белград, маж е фотографиран како носи предмет во раката што најмногу наликува на зоља.

На Инстаграм е објавена фотографија од маж кој чека зелено светло на семафор. Додека во едната рака држи кеса, во другата рака држи предмет налик на противтенковско ракетно оружје, популарно познато како зоља.

Некои од корисниците на социјалните мрежи велат дека сепак не треба да се избрзува со заклучоците, па во коментарите наведуваат дека можеби станува збор футрола за скици која личи на оружјето.

„Еден колега архитект носи проект А0 формат во цевка за да не се витка хартијата…на крајот кога ќе заврши се пакува (превиткува) во А4 формат, папка….ова е нормален работен процес….ова е случај за големи формати на хартија“, гласи еден од коментарите.