Партнерот на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го следи гласањето за време на Евровизија, соопшти дека идентификувале неправилни шеми на гласање во шест земји.
Со цел да се усогласи со правилата за гласање , ЕБУ работеше со својот партнер во гласањето за да пресмета заменски кумулативен резултат за секоја земја во второто полуфинале и во големото финале (пресметано врз основа на резултатите од другите земји со слични гласачки записи, се наведува во писмената изјава.
„ЕБУ многу сериозно ги сфаќа сите можни обиди да манипулира со Изборот за песна на Евровизија и има право да ги отстрани таквите гласови во согласност со Официјалните упатства за гласање, без разлика дали таквите гласови веројатно ќе влијаат на резултатите и/или исходот од гласањето“, се наведува во соопштението.
Be the first to write a comment.