Претставничката на Шпанија на „Евровизија“, убавата Шанел Тереро синоќа го освои третото место. Нејзиниот огнен настап ги остави сите без зборови.

Шанел за оваа прилика подготви многу навистина фантастична кореографија, а нејзиното пеење на „Евровизија“ беше на висина на задачата.

Шанел успеа да освои бројни симпатии со својот динамичен настап, но и со својата песна. Таа за оваа прилика облече интересен костим кој ги истакна нејзините облини.

Сега на социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како Шанел ја бакнува својата девојка во уста и цело време плаче за време на прогласувањето на победникот. Во описот на видеото споделено на Твитер се вели: „Шпанија веќе победи“.

Шанел е родена во Хавана, а се преселила во Мадрид во 2010 година. Таа е и танчерка и актерка и има театарска кариера.

Погледнете го видеото подолу: