На грчкиот остров Икарија е вклучен аларм попладнево, бидејќи во тек е истрага за пронаоѓање на 17-годишно момче.
– 17-годишникот пливал во областа Кипариси северно од островот, каде што дуваат ветришта со јачина од 7 бофори и му се изгубиле трагите. Всушност, сведоштвата укажуваат дека имало големи бранови, јавуваат грчките медиуми.
Во тек е операција за негово лоцирање, а во потрагата учествуваат хеликоптер и брод. Според ЕРТ, истрагите се фокусирани на северозападна Икарија во близина на селото Каравостамо.
– Младото момче отишло на капење, но не се вратило, а во моментов се врши потрага со водени и воздушни средства, објави ЕРТ.
Be the first to write a comment.