По деталните проверки, Вишото јавно обвинителство во Белград утврди дека нема да се покрене кривична постапка против ниту едно лице, за какво било кривично дело, во врска со околностите под кои во декември минатата година настапила смртта на српската инфлуенсерка Кристина Ѓукиќ, позната како Кика на 8 ми декември 2021 година.

– Одлуката е донесена имајќи го предвид обдукцискиот извештај од кој произлегува дека причина за смртта е комбинирано труење со наркотична дрога МДМА и лекот бромазепам, извршени се разговори со нејзини блиски лица, а постојат и проштални пораки. Тука е и фактот што таа претходно во два наврати се обидела да се самоубие, како и други околности и извршени проверки, потврдија од Вишото јавно обвинителство за српски Курир.

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, било утврдено дека познатата српска инфлуенсерка Кика двапати се обидела да се самоубие со скокање од Бранковиот мост, пред конечно да си пресуди себеси.

– Таа се лекувала на психијатриската клиника „Д-р Лаза Лазаревиќ“ и тоа во текот на минатата година, кога и се самоуби – открива извор.

Како што се додава, Кика оставила проштални пораки на компјутерот во просторијата каде што било пронајдено нејзиното тело, а биле упатени до неколку луѓе.

– Исто така, не е утврдено дека некој бил со неа во станот во моментот кога таа се самоубила. Сите околности на смртта на Кика потврдуваат дека таа се самоубила – заклучува соговорникот на Курир од истрагата.