Преку порака од бројот за итни случаи 112 од жителите на четири населби беше побарано да се евакуираат поради големиот шумски пожар што вчера кусо по 17 часот избувна во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици веќе предизвикаа материјална штета на куќи, јави дописничката на МИА од Атина.

Шумскиот пожар започна од планината Пендели и поради силниот ветер брзо се спушти и се прошири кон населените места, а ситуацијата е полоша од претходно и затоа зголемен е бројот на пожарникари кои учествуваат во справување со огнената стихија.

Според портпаролот на противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос во гаснење на пожарот од копно и воздух, интервенираат 350 пожарникари (28 се пожарникари од Романија кои се во Грција), 13 пешадиски тима, 60 противпожарни возила, пожарникари волонтери и цистерни од општините, а периодично интервенираат 15 авиони и девет хеликоптери, и покрај силниот ветер.

Артопиос рече дека се мобилизираат противпожарни сили од северна и централна Грција и од Епир за да помогнат во гаснењето на пожарот, а сите противпожарни служби од Атика се во општа готовност.

Паралелно мобилизирани се иа полицајци за превентивна евакуација на населби, а засега, нема пријави за заглавени лица во пожарот.

Од бројот за итни случаи 112 првично, беше испратена порака до жителите на шест населби во близина на пожарот да бидат подготвени за евентуална евакуација, а помалку од половина час подоцна жителите на една од населбите добија нова порака да се евакуираат, по што следеа уште две пораки за евакуација на уште три населби.

Силниот ветер од над осум бофори (над 65 километри на час) брзо го шири пожарот и дополнително го отежнува гаснењето на пожарот.

Чадот од пожарот е видлив во повеќе делови на Атина.

Освен четири населби и Националната опсерваторија за кои претходно беше дадена наредба за евакуација, вечерва превентивно беше евакуирана и детска болница што се наоѓа во близина на пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Од болницата, 36 деца и 19 вработени беа префрлени во друга детска болница исто така во Атина.

Шумскиот пожар започна од планината Пендели и поради силниот ветер брзо се спушти и се прошири кон населените места, ситуацијата вечерва е особено тешка, а пожарот предизвика материјална штета на домови.

Со заоѓањето на сонцето запре и гаснењето од воздух, а авионите и хеликоптерите ќе продолжат да интервенираат утре наутро, штом се раздени.

Во гаснење на пожарот интервенираат 350 пожарникари,13 пешадиски тима, 60 противпожарни возила, пожарникари волонтери и цистерни од општините, мобилизирани се противпожарни сили од северна и централна Грција и од Епир, а ангажирани се и 150 полицајци со 58 возила за превентивна евакуација на населби.

Маж се самоуби откако си ја видел куќата во пламен

Големиот пожар зад себе остави еден загинат. Маж е пронајден во локва крв и според полицијата има прострелна рана.

Постар маж е пронајден мртов во локва крв во неговата куќа опкружен со оган. Решил да стави крај на својот живот, како што изјавиле негови блиски за newsit.gr, бидејќи не можел да издржи по трет пат да види како богатството што го изградил со труд и мака да биде уништено о огнот

80-годишниот старец бил пронајден мртов од неговите роднини во локва крв.

📸