15-годишно момче потона вечерва кај Сребреното езеро во близина кај Велико Градиште во источна Србија, јавуваат српските медиуми.

– Во Велико Градиште вечерва околу 21.10 часот дошло до инцидент кога тинејџер (15) отишол да плива кај Сребреното езеро. 15-годишникот потонал и како што дознаваме, не излегол на површина, пишува Телеграф.рс.

Потрагата е во тек. Сребрено Езеро е езеро на десниот брег на реката Дунав и претставува нејзино некогашно речно корито, кое денес е затворено со две брани.

Се наоѓа на подрачјето на Браничевскиот округ во источна Србија, на два км од Велико Градиште. Оддалечено е 110 км од Београд и само 35 км од Пожаревац.

Името го добило поради тоа што во попладневните часови кога е сончево време се јавува интересна сребреникава рефлексија на водната површина.