Летувањето на Бисерa Томиќ, која секоја година одмара во Турција, годинава се претвори во агонија и страв за нејзиниот живот откако во хотелот во кој престојувала и паднала палма на глава, а лекувањето чинело 2.800 евра.

Завршила во болница од која не можела да излезе додека не ги плати трошоците за лекување, иако пред да замине на одмор осигурувањето го платила во туристичката агенција преку која заминала на одмор.

Идиличниот одмор со семејството, се претворил во агонија и страв за живот, часови во болничка соба, конци на главата и неизвесност дали и кој ќе ги плати трошоците во болницата.

– Во неделата седев во градината на хотелот Мелиса во Аланија кога ми падна палма на главата, целото дрво. Дојде брза помош и ме однесоа во болница. Го предадовме пасошот и осигурувањето. И тогаш започнува агонијата – ја започнува својата приказна Бисера.

Таа вели дека никогаш не успеала да стапи во контакт со осигурителната компанија. Како што вели таа, целиот „all inclusive“ аранжман од 15 дена во споменатиот хотел и осигурување се купени во туристичката агенција преку која патувала.

– Да не бев упорна и секогаш активна на социјалните мрежи, веројатно ќе бев во болница токму сега. Инаку, кога ќе се јават на бројот од таа полиса за осигурување, на говорната пошта се вели дека телефонската линија е прекината, а кога ќе повика тој број од Србија, телефонот ѕвони и некој се јавува, децидна е Бисера.

Секако, веднаш се јавила во агенцијата (и пратила мејл и напишала на Вибер), но тие воопшто не и одговориле. Помош побарала и од српската амбасада во Турција, но го добила следниот одговор:

Почитувана,

За жал, Амбасадата не може да ви помогне во овој случај. Треба да ја контактирате вашата осигурителна компанија која мора да го направи својот дел и да стапите во контакт со болницата што е можно поскоро за да ја извршите потребната исплата за вашите трошоци. Од минатите години пракса, можеме да ви кажеме дека ова е единственото решение за вашиот проблем. Амбасадата неделава е затворена поради бајрамските празници.

Бисера на крајот успеала да најде излез од ситуацијата со помош на луѓето од Фејсбук групата кои летувале во Турција.

– Можам само да им се заблагодарам на луѓето од групата, се јавуваа сите кој каде знае. Се јавиле и во осигурителната компанија и конзулот во Аланија… На крајот, под притисок, осигурителната компанија ја платила сметката. Таа сметка беше 2.800 евра за еден ден и секој час стануваше се поголема и поголема. Болницата не може да се напушти додека не се плати – рече таа.

Бисера сега е добро и нејзиниот живот не е во опасност.

– Сега сум добро, главата ми е сошиена, скенерот покажува дека се е во ред. Останува само да ги тргнам конците кога ќе дојдам во Белград. Мене ми е важно само да поминам без последици. И воопшто не разбирам како останав жива – вели таа и се прашува што ќе се случеше ако на нејзино место имаше некој што не е запознаен со Интернет и кој не можеше да најде поддршка од непознати луѓе на социјалните мрежи.