Од засега непозната причина, синоќа околу 23 часот во Хрватска на автопатот А4 помеѓу клучките Вараждинско Топлица и Вараждин се запалил автобус, јавуваат утрово хрватските медиуми.

Како што потврдија пожарникарите од Вараждин, сите патници се навреме евакуирани и нема повредени.

Автобусот кој целосно беше зафатен од пожар го гасат на коловозната лента во правец кон Вараждин. Останатите возачи се задржале на безбедно растојание, во колоната.

– Темно е, па не можеме да видиме луѓе, но целиот автобус е во пламен, накратко изјави читател на 24сата кој го снимил пожарот.

Од ХАК информираат и дека поради несреќата таму сообраќајот се одвива отежнато, а од луѓето бараат трпение.

📸