Учебната година ќе заврши на 14-ти јуни, затоа што министерот за образование, Јетон Шаќири истакна дека ќе мора да се одработат 180-те наставни дена. Причина за ова е продолжувањето на зимскиот распуст.
„18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Be the first to write a comment.