Велешанец на возраст од 31 година е починатото лице кое беше пронајдено во стар и напуштен објект на врвот Клепа, јужно од Велес, кај Градско пред четири недели.

Како што информираше СВР Велес минатиот месец, на 19-ти декември во полицијата било пријавено дека во стар објект на Клепа било пронајдено починато машко лице. Телото било предадено на обдукција, бил извршен увид од екипа на СВР Велес, а за случајот бил известен и Јавен обвинител.

Од свои извори ,,Фокус” дознава дека неофицијално, на телото на младиот човек немало траги на насилство, а бил идентификуван од страна на член на семејството. Исто така, не станува збор за лице кое се водело како исчезнато.