Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи објави дека починал директорот на гимназаијата „Зеф Љуш Марку“.

– Денеска добив тажна вест дека почина Фарук, директорот на гимназијата „Зеф Љуш Марку“. Ќе го паметам како вреден и неуморен работник во благородната мисија за унапредување на албанското образование. Искрено сочуство до неговото семејство, пријателите и колегите, напиша Битиќи.

Како што јавуваат медиумите на албански јазик, Гарук Зекири починал на 41-годишна возраст. Пријателите на починатиот изразија искрено сочувство до семејството.

Фарук Зекири

Веста за смртта ја потврди и градоначалникот на општина Чаир.

„Со длабока тага денеска ја примив веста за смртта на мојот пријател, директорот на СОУ „Зеф Луш Марку“, Фарук Зеќири. Фарук ќе остане запаметен по неговата неуморна работа и огромниот придонес што го даде во развојот на образованието. Најискрено сочувство до семејството, и пријателите. Почивај во мир Фарук, на сите ќе ни недостасуваш неизмерно! – пишува Висар Ганиу.