Јасните пораки за неприфатливоста на Влада помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ДУИ ги испраќа во период кога во јавноста се наметна идејата за широка коалиција во која би влегле двете најголеми политички партии од македонскиот блок со некој албански партнер кој нема да биде ДУИ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва на средби со партиското членство на територијата на Општина Гостивар, првпат отворено зборуваше за евентуална коалиција и формирање Влада помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи дека тоа е неприфатливо и нема да се случи.

Нема ново мнозинство, вели тој, а избори ќе има во 2024 година.

„Создавањето на мнозинството, СДСМ-ВМРО е неприфатливо и нема да се случи затоа што војните до пред 20 години беа токму предизвикани од еднаквоста меѓу етничките групи. Можеби има сили што мислат така, но има и прогресивни сили во оваа земја. СДСМ е на чело, нема ново мнозинство, без разлика на акробациите за ново мнозинство. Ви велам дека коалицијата работи и е стабилна и ќе има избори во 2024 година, или ќе бидат заедно со претседателските или после нив. Да не трошиме, да направиме и претседателски и парламентарни избори. Победувавме 20 години и ќе продолжиме, бидејќи на големите работни места им е потребна силна поддршка од народот. Не би бил силен без многу пријатели, овие успеси се заеднички и не е лесно да се туркаат – почна скринингот, завршува во ноември, се свика заедничката средба со ЕУ, а до тој период треба да го смениме Уставот. Политичките партии мора да ги охрабрат граѓаните, Македонија и Македонците ќе бидат легитимирани, имаме сојузници и никогаш нема да бидеме губитници. Секогаш го имате нашиот грб“, рече Ахмети на средбите во Гостивар.

Јасните пораки за неприфатливоста на Влада помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ДУИ ги испраќа во период кога во јавноста се наметна идејата за широка коалиција во која би влегле двете најголеми политички партии од македонскиот блок со некој албански партнер.

Порталот „Плусинфо“ пред Нова година пишуваше дека поранешниот лидер на социјалдемократите, Зоран Заев, наводно на состанок на Бихаќка претставил план кој предвидува одржување итни предвремени парламентарни избори, после кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе ја делат власта во наредните осум години, но и, според кој, да има елиминирање на ДУИ и на Али Ахмети од Владата. Заев, пишуваше порталот, рекол дека на Албанците треба да им се овозможи 25-процентно присуство во Владата, но тоа да не партијата на Ахмети, меѓутоа планот бил отфрлен од актуелниот лидер на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.