Вчера (16 јануари) во 10 часот во СВР Тетово пријавено е дека во стан на улица „ЈНА“ во Гостивар, бил пронајден починат 55-годишниот гостиварец Ш.Х.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар, а увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција.