Жељко Митровиќ, сопственикот на телевизијата „Пинк“ размислува за дисквалификација на учесникот во „Задруга“, Урош Ќертиќ.

Имено, еден од гледачите му пиша на Жељко Митровиќ на Инстаграм и му порача дека поради сите испади Урош заслужува да биде дисквалификуван.

– Исфрлете го тој националистот Урош од „Задруга“. Брука и срам, какво одвратно однесување – напиша гледачот, на што Жељко веднаш одговори.

– Има големи шанси тоа да се случи – изјави Митровиќ.

Да потсетиме, сопственикот на телевизијата „Пинк“ пред неколку дена донесе одлука да го казни Урош Ќертиќ со месечен надоместок за навреди на верска основа во реалното шоу „Задруга“ за време на конфликтот со Билал Брајловиќ.

Имено, Митровиќ донел и одлука паричната сума која претставува 10% од вкупниот годишен хонорар на Урош Ќертиќ да не ја задржи продукцијата на реалното шоу „Задруга“, туку да се плати целата нето сума до Заводот за згрижување на незгрижени деца во Сараево.

– Би сакале да ја искористиме оваа прилика да им се извиниме на сите гледачи од исламска вероисповед за овој немил настан! Ваша ТВ Пинк! – стои во соопштението.

Да потсетиме, Урош во напад на бес синоќа упати ужасни навреди кон Билал Брајловиќ, а видеото од страшната кавга излезе во јавноста и на сметка на каскадерот доаѓаат огромни осуди за неговото однесување.