Кој рече дека на 57 години жената не може да биде секси?

Поранешниот супер модел Полина Поризкова од Шведска ги руши стереотипните перцепции за старосните граници и докажува дека жената на оваа возраст воопшто нема на што да завидува на некоја помлада.

На една од нејзините последни фотографии во бикини, на која е повпечатлива и посекси од било кога, таа зборува за нарцизмот на славните и вели дека е „виновна како и сите други“.

Полина Поризкова во 80-тите беше една од најшармантните и најуспешните манекенки.

На 18-годишна возраст, таа стана првиот модел од Централна Европа што позира за насловната страница на „Swimsuit Issue“ на Sports Illustrated. Во 1988 година, таа стана најплатениот модел за соработка во историјата кога потпиша договор вреден 6 милиони долари со Estée Lauder.

Денеска има 57 години и е решена да не ја сметаат за „невидлива“.

Тоа може да се види и од нејзиниот личен профил на Инстаграм, бидејќи таа повремено објавува фотографии на социјалните мрежи, на кои ја покажува својата совршена фигура.