Девојка нашла начин да му помогне на својот сакан кој бил во неволја. Во битката на популарните борачи е видена надреална сцена.

Иако се знае дека борбите во американското борење се наместени, овој „спорт“ е исклучително популарен „преку барата“.

Тепачките се лажни, а единствената цел е да се направи добро шоу за гледачите. Тоа им успеа на популарните борачи Џими Лојд и Мет Кардона, а им помогна и атрактивната девојка на Кардона, Челзи Грин.

Лојд и Кардона се пресметаа овој викенд во Чикаго, а жешката Челзи приреди шоу на средината на борбата.

Лојд до „смрт“ го тепаше Кардона, а потоа Челзи најде начин да му помогне на нејзиниот сакан. Таа дојде до рингот, ја крена маичката и му ги покажа голите гради на Лојд.

Тој беше во целосен шок. За момент се замрзна, а потоа стана и се фати за глава. Не можеше да си дојде на себе.