Клои Кардашијан беше остро осудена од јавноста поради фотографијата во бикини, со оглед на тоа дека, според коментарите, таа не ја почитувала кралицата Елизабета.

Клои Кардашијан покажа дека Кардашијан се „махери“ за привлекување внимание на себе. Имено, старлетата на својот Инстаграм профил објави разголена фотографија на која пркосно позира во костим за капење. Ова налути многу следбеници, кои ја опсипуваа со негативни коментари.

Нив им пречеше тоа што Кардашијан објави ваква провокативна фотографија, по смртта на кралицата Елизабета, сметајќи дека е истата е непримерна.

„Колку грубо!“, „Кралицата Елизабета штотуку умре, а вие веќе парадирате полуголи. Покријте се!“, „Додека светот тагува за кралицата, вие го објавувате ова“, „Срамно“, се само дел од коментарите под фотографијата.

Инаку, Клои со исхраната успеа да го доведе своето тело до совршенство, па не е чудно што често позира во костим за капење и во предизвикувачки изданија.

📸

📸

📸