Вистинска трагедија се случи во соседна Грција, каде почина 17 годишна девојка. Како што јавуваат тамошните медиуми, во Здравствениот дом во Амфилохиа во западна Грција, вчера попладне нешто пред 20 часот, без свест била донесена 17 годишна девојка.

– Поточно, несреќната млада девојка била донесена во рацете на нејзиниот татко, бидејќи се работи за патници кои тргнале од Албанија со дестинација Атина, јавуваат грчките медиуми.

Според истите информации, во близина на населеното место Амфилохиа девојката не се чувствувала добро и нејзиниот татко влегол во градот и истрчал во Здравствениот дом за помош, но за жал младата девојка не успеала да се спаси.

Обдукцијата ќе ги расветли причините за нејзината смрт.